Во 19 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје, 58-годишната С.К. и нејзиниот сопруг, четири години постариот К.К. од Србија, се пријавиле да патуваат за Цирих, Швајцарија.
По извршена пасошка контрола им било дозволено да остварат излез од земјава, а во тој момент на жената и се слошило. Била повикана медицинската екипа од аеродромот, која ја пренела во амбулантата на граничниот премин за да и пружат медицинска помош. И покрај укажаната прва помош во 20 часот и 15 минути С.К. за жал починала.
Бил извршен увид на местото на настанот од страна на екипа на полицијата.
Телото на починатата е пренесена во Судска медицина за обдукција.