Трагична приказна на девојче: „Убив еден маж, издрогирав други за да побегнам”


Многу девојчиња и жени Јазиди биле киднапирани од своите домови на планината Синџар од страна на исламистите. Биле силувани, продадени или изложени на други ужаси. Судбината на ова 15-годишно девојче е една од многуте такви. Била продадена, па силувана неколку пати. Откако за разлика од своите сестри успеала да побегне, трагичната приказна ја раскажала на Associated Press.devojce-jazidi

Откако била киднапирана од својот дом, таа и другите жени од семејството биле одведени во Тал Афар каде што ги затвориле и чувале се до воздушните напади на САД и коалициските земји на цели на Исламската држава. Потоа ги одвеле во Мосул, а потоа во сирискиот град Рака, каде што биле продавани како робинки.

“Ме продадоа во Сирија. Пет дена бев со своите две сестри. Една од нив подоцна беше продадена и повторно одведена назад во Мосул, а јас останав во Сирија”, рекла несреќната девојка.

Во Рака ја омажиле за Палестинец кој го убила со пиштол, кој го добила од неговата чистачка. Побегнала, но немала каде се сокрие. Единственото место каде што ја познавале била куќата во Рака во која милитантите ги чувале по пристигнувањето во Сирија. Исламистите не ја препознале па повторно ја продале и тоа за 1.000 долари на еден саудиски борец.devojce44

“Ми кажа: – Ќе ти го променам името во Абеер, ни твојата мајка нема да те препознае. Ќе станеш муслиманка, а потоа ќе се оженам со тебе – но јас не сакав да преминам на ислам па побегнав”, раскажало девојчето, додавајќи дека на мажите во куќата во чајот им ставила прав од кој заспале.

Потоа конечно успеала да побегне. Наишла на маж кој ја префрлил до Турција, каде што се нашла со својот брат. Тој на шверцери платил 2.000 долари да ги вратат на северот на Ирак. Сега живее со својот брат, додека нема информации каде се нејзините сестри, браќа и нивната мајка…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1