И овој петок беше во знакот на „Пинковите ѕвездички“! Дванаесет кандидати вечерва се бореа за влез во суперфиналето, кое ќе се одржи на 4. јули.
Во првава финална вечер публиката со смс гласови избра десет суперфиналисти кои за титулата победник ќе се борат во последната емисија од оваа сезона. Меѓу нив се најде и нашиот Трајче Ѓорѓиев кој се смета како најголем фаворит на ова шоу.
Жирито беше во стандарден состав: Јелена Томашевиќ – Босиљчиќ, Милан Станковиќ, Гоца Тржан, Хари Варешановиќ и Леонтина Вукомановиќ.