Новиот американски претседател Доналд Трамп првиот ден од функцијата го искористи да го преуреди Овалниот кабинет во златна боја, иако во таа просторија помина само неколку минути.
Трамп најде време како 45. претседател на САД да остави свој печат во најважната соба на светот, пишува британскиот весник „Мирор“.
Фотографиите од Овалната канцеларија покажуваат дека Трамп веќе вовел некои измени на декорацијата од својот претходник Барак Обама.
Тој ги отстранил црвените завеси на прозорците и ставил златни, а го сменил и тепихот.
Рачно ткаениот тепих Мартин Лутер Кинг на Обама го заменил со златен на Роналд Реган.
Новиот шеф на државата ја вратил и бистата на Винстон Черчил, која претходно Обама ја однесе во својата приватна резиденција