Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе мора да се откаже од луксузот на својот приватен авион и да се “помири” со тоа дека ќе мора да се вози во претседателскиот “Air Force One” авион.
Приватниот авион на бизнисменот се карактеризира со многубројни златни елементи и свилени перници со извезени иницијали на членовите на семејството, голема кујна и керамички плочки, додека “Air Force One” се карактеризира со зголемена безбедност.
Трамп го купи својот авион во 2011 година, а експертката за маркетинг од неговата компанија, Аманда Милер, сними видео во кое направи тура низ неговиот авион.
Иако “Air Force One” е заштитен со тајната служба и многубројни безбедносни протоколи, а има и подобри перформанси, сепак е далеку од луксузот на кој е навикнат Доналд Трамп. Погледнете ја споредбата!