Кандидатот на републиканците за претседател на изборите во 2016 година Доналд Трамп повика на муслиманите привремено да им се забрани влез во САД.
Според него одлукаат би требало да биде на сила додека Конгресот не се изјасни.
Трамп во соопштението наведува дека анкетите на јавното мислење укажувааѕ дека постои омраза кај муслиманите кон Албанците, што би можело да резултира со нови напади.
-„Без оглед на анкетите, на сите таа омраза им е несватлива. Од каде потекнува таа омраза и зошто, тоа мора да го утврдиме“,смета Трамп.
Според неговите зборови, додека тоа не се направи,САД би можела да биде жртва на ужасни напади на луѓе кои единствено веруваат во џихад и немаат чувства.
Трамп во октомври предизвика бура во јавноста кога ја изнесе идејата з воспоставување на регистар за муслимани.
Тој тогаш наведе дека ако стане претседател сигурно ќе воведе задолжително муслиманите да се регистрираат во некоја база на податоци или да носат посебни документи во кои ќе се наведе нивната вера.