Трамп: Оној што ќе запали американско знаме ќе остане без државјанство и ќе оди во затвор


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп најави строги казни за демонстрантите кои палат американски знамиња, иако Врховниот суд таквиот чекор го опиша како слободата на говор.donald tramp

„Никому не смее да му се дозволи да пали американско знаме – ако некој го стори тоа, мора да има последици – веројатно ќе го загуби државјанството или ќе помине една година во затвор“ – напиша Трамп преку Твитер.

Ова доаѓа откако универзитет во сојузната држава Масачусетс одлучи да престане да вее американско знаме бидејќи студентите запалија знаме во знак на протест против неочекуваната победа на републиканецот Трамп на претседателските избори пред три недели.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека како и мнозинстото Американци, палењето на американско знаме го смета како многу навредливо, но додаде дека „имаме одговорност да ги заштитиме правата, втемелени во американскиот Устав.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1