Седумгодишниот Ноа денес е насмеано момче со кафена коса и тој сонува големи соништа, но, пред само една година, тој немал ниту коса, ниту веѓи, а неговата иднина била неизвесна. Сепак, тој успеал од борбата со рак да излезе како голем победник.
Кога Ноа имал четири години, било откриено дека боледува од редок и агресивен облик на леукемија, а на неговите родители им било кажано дека шансите за преживување се 50:50. Детенцето поминало низ хемотерапија, трансплантација на коскена срж и со месеци живеело по болниците.
Но, благодарение на тимот на доктори, но и на сопствената сила и упорност, Ноа денес е здраво момче кое што на луѓето околу себе им дава пример дека се е можно доколку верувате во себе.