Трансплатација на срце предизвика романса меѓу сестрата на донаторот и примателот (Видео)


„Немам зборови за да ја опишам истата. Тоа беше едноставно некаква чудна но искрена и љубовна поврзаност“, вели Ерин Робертс.
Братот на Ерин, Келен Робертс, на 7 март 2005 година, бил на патување и во посета на водопадите „Sioux“ каде што ја удрил главата.
abc_gma_heart_transplant_love_jt_130217_wblogЖителот од Сиетел, кој според многумина бил со слободен дух, починал во Јужна Дакота, во близина на Минеаполис. Токму неговото срце било спас за 17 годишниот Конор Рабиновиц.
„Сакам да знае дека сум му благодарен за ваквото дело“, изјавил Рабиновиц.
Трансплатацијата била успешна и со давањето на втората шанса во животот, Рабиновиц изјавил дека сакал да дознае повеќе за човекот кој што го спасил. Кога се сретнал со неговата сестра Ерин, тој се заљубил на прв поглед.
„Да знаеш дека еден дел, од нешто што си го сакал толку многу, ќе продолжи да постои и не само тоа, туку и да биде дел од сила на животот за некој друг, кој исто така го сакаш, е нешто што не може да се опише“, изјавила Ерин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1