Молњата и понатаму е еден од природните феномени кој со право ужива стравопочит. Иако сме далеку од верувањето дека громот кој го предизвикува молњата, е звукот на кочијата на Свети Илија Громовник, сепак не можеме да кажеме дека науката 100 процентно ја познава природата на молњата. Пионерот во проучување на молњата е Бенџамин Френклин, изумителот на бифокалните очила и еден од потписниците на декларацијата за независност на САД. Еве неколку интересни факти кои ќе ги дополнат вашите знаења за молњата:
- Во моментов низ светот има околу 1800 грмежни непогоди.
- Годишно на нашата планета „удираат“ околу 25 милиони молњи.
- Во просек молњата трае околу една четврина од секунда, во кој интервал се случуваат 3-4 „удари“.
- Громот може да се чуе и на дистанца од 20 километри.
- Молњата патува со брзини и до околу 95.000 километри во секунда.
- Просечната должина на една молња е околу 5-6 километри.
- Ширината на една молња може да биде мала колку еден прст, но разгранета може да има широчина и до 20 километри.
- Температурата на молњата е околу 30.000°С, што е околу 5 пати повисока температура од температурата на површината на сонцето.
- Енергијата на една молња може без прекин да напојува 100 ватна сијалица околу 3 месеци.
- Дрвата не секогаш се запалуваат кога молња удира во нив. Честопати кога врне електрицитетот од молњата проаѓа низ слојот од вода на површината на дрвото и оди директно во земја.
- Мокрите алишта можат делумно да го ублажат ударот од молња
- Молњата по ударот се шири по површината на водата, затоа рибите кои пливаат во водата умираат од ударот.
- Кога молња удира во песок, честопати се формира стакло.
- Молњата не секогаш удира во највисокиот објект во околината.
- Топчеста молња се појавува околу 100 до 1000 пати годишно на земјата. Веројатноста дека ќе видите топчеста молња е само 0.01%
- Стравот од молња се нарекува кераунофобија, додека стравот од громот (звукот на молњата) се нарекува бронтофобија.
- Дури 85% од луѓето кои биле удрени од молња се мажи.
- Веројатноста да преживеете доколку ве удри молња е 71.4%.
- 1% од жртвите биле удрени од молња во САД се наоѓале во затворена просторија, но зборувале на жичен телефон.
- Молњата удира во коприва.
- Не е точно дека молња не удира два пати на исто место.