Треска ќе си остане жабокречина и годинава – нема пливање во езерцето, не донеле план


Локалната власт од Општина Сарај нема да го заживее езерото Треска ни ова ни наредното лето. Уште не пронашле инвеститори, а немаат ни урбанистички план. Според надлежните општинари, постапката за ревитализација на спортско-рекреативниот центар воопшто не е лесна, иако пред неколку месеци најавија дека ќе работат засилено на негово заживување.

ezero treskaОд ланскиот ноември, овој објект е во раце на локалната власт, откога Владата на Македонија го предаде во надлежност на Општината.

Допрва ќе се изработува урбанистички план

Бекир Муамеди, шеф на кабинетот на градоначалникот на Сарај изјави дека Советот на Општината донел одлука за изработка на планска документација. А поднеле и барање до Агенцијата за планирање на просторот да добијат услови за планирање на конкретниот простор. Во март годинава оттаму изјавија дека урбанистички план ќе донесат за три до четири месеци, односно требаше досега, а сега рокот го пролонгираат.

Одговорните од Сарај не прецизираа кога точно се очекува да биде изготвен и донесен планот, но се надеваат дека во согласност со законските процедури – некаде за пет месеци. Според физибилити-студијата изработена од Градот за целосна реализација на проектот потребни се од 8 до 12 милиони евра.

Во моментов општинарите с` уште не одлучиле дали езерото ќе го дадат под концесија или ќе го ревитализираат по пат на јавно-приватно партнерство. Властите тврдат дека им е важно просторот да ја задржи намената, како и спортските игралишта, кампот, хотелите.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1