Тревога поради маларија во Грција


Првиот смртен случај од маларија во еден од бегалските кампови предизвика тревога во 12 региони во Грција, во кои исто така се регистрирани и болни луѓе. Моментално се работи за 65 случаи од маларија од кои само четири меѓу локалното население, 11 меѓу патниците кои стигнале од Африка, а 50 меѓу мигрантите кои влегле во Грција.komarec

Иако Министерството за здравство тврди дека се преземени сите неопходни мерки за да не се шири епидемијата, во 12 општини главно во северна Грција но и на Пелопонез, спроведен е карантин. Атинската лекарска асоцијација предупредува дека состојбата е алармантна поради големиот број на мигранти кои се заразени и понатаму влегуваат во земјата и живеат во нехигиенски услови.

Тоа посебно се однесува на импровизираниот камп во Пиреја и Идомени близу до македонската граница, каде според оценката на лекарите, состојбата е надвор од контрола поради бројот на мигрантите, високите температури кои се погодни за ширење на маларијата, задоцнето запрашување на регионот. Асоцијацијата на лекарите предупредува дека се заканува реална опасност од ширење на маларија, вирусот „западен Нил” и други болести и на локалното население.

Асоцијацијата на атинските лекари упатува отворени критики на министерот за здравство и бара негова оставка, сметајќи го за директен виновник за алармантната состојба во земјата и обвинувајќи го за негрижа за здравствената безбедност на нацијата. Според нивно мислење, мерките за заштита од комарците не се спроведени на време, хигиенските услови во прифатните центри се на најниско ниво, никој не ги контролира стотици мигранти кои секојдневно влегуваат во земјата веќе заразени со маларија.malarija3

Опозицијата, повторно, воведувањето на карантинот поради појавата на маларија во 12 општини го користи за напади на владата која ја нарекува главен виновник за состојбата во земјата, ја обвинува за неспособност да ги реши проблемите и да го заштити сопственото население. Истовремено, според мислењето на Нова демократија, ова е уште една негативна слика за Грција, која се праќа во светот, пред се на туристите кои треба да го спасат стопанството.

Министерството за здравство соопштува дека туристите немаат причина да се плашат од маларија, дека се преземени неопходни мерки и дека тие кои сакаат да дојдат во Грција не се неопходни никакви вакцини ниту лекови, но дека сепак треба да ги преземат сите мерки за лична заштита од комарци.

Инаку во Грција повторно секојдневно со чамци од турскиот брег стигнуваат најмалку 200 мигранти. Бројот се зголемува, прифатните центри на островите каде се веќе 11.000, што е дупло повеќе од расположливите капацитети, не се во состојба да го издржат притисокот и да обезбедат хигиенски и други услови за престој на мигрантите.

Грција е загрижена од развојот на состојбата, посебно во односите на Турција и ЕУ, во кои повеќе нема надеж ниту гаранции дека контролата на движењето на мигрантите ќе биде спроведена.

Факт е дека три милиони мигранти моментално се во Турција која нема да ги задржи, а тоа ја загрижува Атина, иако се уште за тоа не алармира. Меѓутоа, наместо по морски пат како до сега, се повеќе илегално ја преминуваат границата преку реката Еврос (Марица) која е природна граница меѓу Грција и Турција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1