Тревога во САД. Експлозивни направи во седиштето на телевизијата CNN , како и до Барак Обама и двојката Бил и Хилари Клинтон открија тајните служби.
Експлозивна направа пристигнала во пакет и во седиштето на телевизијата CNN во Њујорк, каде во тек е истрагата и евакуацијата на вработените. Американската полиција покрена истрага, откако сомнителните пакети биле навреме пресретнати преку рутинска контрола на поштата.
Првата експлозивна направа требало да стигне во домот на Клинтонови во Њујорк, а втората во куќата на Обама во Вашингтон речиси во исто време..
Од полицијата само кусо соопштуваат дека никој не бил изложен на ризик, но дека најверојатно станува збор за ист испраќач, кој пред два дена испрати експлозивна направа во домот на американскиот милијардер Џорџ Сорос.
Уредот беше пронајден во поштенското сандаче на Сорос во Њујорк, а потоа и уништен.. Обама и Бил Клинтон беа претседатели, а Хилари Клинтон кандидат за претседател од Демократската партија..
Џорџ Сорос се смета за еден од најголемите финансиери на таборот на Демократите..