Трговски центар во Мостар изгоре до темел


Трговскиот центар „Бинго“ во босанскиот град Мостар, со површина од околу 3.000 метри квадратни, ноќеска изгоре до темел. Според првите проценки штетите се неколку милиони евра.133666338-116627

Пожарот избувна синоќа околу 20 часот, по локално време, во складишните простоии и потоа се прошири во целата зграда.

Босанската полиција соопшти дека нема жртви, бидејќи сите лица кои се наоѓале во зградата се евакуирани навреме.

Градоначалникот на Мостар Љубо Бешич изјави дека сопствениците, како и целиот град ќе претрпат штета од оваа несреќа.

Трговскиот центар „Бинго“ е отворен во 2011 година и во него се инвестирани околу шест милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1