Три бизарни свадбени обичаи


Овие три свадбени ритуали можеби нам ќе ни изгледаат бизарни и чудни, но во некои делови од светот тие се секојдневие.

bride-and-groom-cake-toppersКиднапирање на невестата

Дури и во денешно време се уште не се искоренети некои обичаи, кои во ромската култура се присутни со векови, а меѓу нив е киднапирање на невестата. Доколку момчето успее насилно да ја киднапира девојката и да ја задржи кај себе два до три дена, таа официјално му станува сопруга. Некои можеби се прашуваат како ова може да биде легално? Тој обичај се гледа како дел од културата на една големото етничка заедница и повеќето влади не сакаат да си наштетат на имиџот со донесување на забрана на оваа традиција.

Венчавка со животни за да се истераат духовите

Племето Сантал во Индија верува дека доколку девојчето има криви заби, тоа е очигледен знак дека во блиска иднина ќе ја изеде тигар, бидејќи духовите ја мразат. Поради тоа мора да се омажи за куче. Тоа и се случи на деветгодишната Карнамони Хандса, која се омажи за кучето скитник Бацана меѓу сто гости, кои пееле, танцувале и пиеле домашни пијалаци. Добра вест е дека тоа не е вистински брак туку само начин за истерување на злите духови и за девојчето да може да се омажи за вистинското момче подоцна во животот.

„Оцрнување“ на невестата

Обичајот на „оцрнување“ на младата е дел од многу старата шкотска традиција и се случува за време на венчавката. Младата набрзина се води до некој од другарите на младоженецот и од глава до петици ја прекриваа со отпад. Може да се искористи што било – јајца, млеко, катран и пердуви. Овој обичај има за цел да им помогне на жените да се изборат со сите можности во бракот, бидејќи ништо што ќе им се случи од тој момент понатаму нема да биде толку сурово или понижувачки како „оцрнувањето“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1