Три години затвор за еден од обвинетите во „Пуч“


Основниот суд Скопје 1 денеска му одреди тригодишна казна затвор на лицето З.К., вработено во МРВ за кривичните дела „шпионажа“ и „неовластено прислушкување“, а во врска со случајот „Пуч“.sud mk 1

– По поднесување на Предлог спогодба од страна на Основното Јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд, судија на претходна постапка со пресуда, Основниот суд Скопје 1 ја верификува спогодбата со која на лицето З.К., вработено во МВР, за кривичните дела: Шпионажа од чл.316 ст.4. в.в со чл.24 и Неовластено прислушкување од чл.151 ст.4, в.в со ст1, а во врска со чл.45 од КЗ. Му се одмерува единствена казна затвор во траење од 3 години, се наведува во денешното соопштение од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1