Основниот Суд Скопје 1 ги изрече пресудите за обвинетите во случајот „Фаланга 2“.
Првообвинетиот Илчо Бојчевски е осуден на 7,5 години затвор. Поранешнот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман доби затворска казна од 3 години, додека останатите обвинети се осудени со поблаги казни
Обвинителството ги товари дека без дозвола или овластување ископувале артефакти на локациите Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје, а потоа илегално ги продавале во Македонија и во странство.