Три кривични пријави доби лажната докторка од Кавадарци која е осомничена за измама, надрилекарство и фалсификување на документи.
Истрагата која ќе се спроведе треба да покаже како 27-годишната студентка по медицина успеала да добие диплома за завршен Медицински факултет, а всушност завршила само три семестри и го слушала четвртиот.
Од Министерството за здравство велат дека целиот случај ќе биде испитан, а министерот ќе ги прими родителите на починатото момче на фудбалскиот натпревар, каде во тимот на доктори беше и лажната докторка. Токму родителите на 18-годишниот Митко Влајков сакаат да го видат документот од обдукција и да знаат зошто нивниот син починал.
Со договор на дело од шест месеци, студентката работела во центарот за итна медицинска помош. Отворената истрага треба да открие како таа успеала да ја фалсификува дипломата без да биде откриена. Според она што засега го објавија некои медиуми, таа успеала да ја измами и нотарката која вели дека доставените документи кои ги заверила не можело да се познаат дали биде фалсификат или не.
Kurir