Три манекенки буквално изрешетани среде улица (Видео)


Напаѓачите најпрво го пресретнале нивниот автомобил, а потоа ги принудиле да излезат по што биле и егзекутирани. Наводно еден ден порано тие се обиделе и да ги киднапираат манекенките, но биле спречени од страна на полицијата.

Три манекенки беа убиени вчера во напад на нивното возило во Хондурас. Алма Мариела Ордоњез Варгас (28), сопственичка на модна агенција, која била заедно со манекенките Маделин Рамирез Замбрано (21) и Бланка Алехандра Веласкез Мехиа (20) во 9.30 часот според локално време се возеле во сребрена Toyota во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа. Во возилото се наоѓале вкупно шест мажи и пет жени.manekenki-zrtvi

Во еден момент нивното возило било попречено од помал камион. Од него излегле вооружени мажи кои ги отвориле вратите на возилото во кое се наоѓале манекенките при што ги принудиле да излезат и да легнат на асфалтот.

Некои медиуми јавуваат дека напаѓачите пак биле на мотоцикли и дека веќе извесно време го следеле автомобилот во кој биле манекенките по што започнале да пукаат. Жените биле погодени со неколку куршуми по телото, рацете и на крај, во главите.

Полицијата подоцна нашла 15 чаури од куршуми, пишува Daily Mail. Трите манекенки се убиени на лице место. Во нападот се повредени и уште една жена и еден маж.

Причините за овој напад засега не се познати, но според пишувањата на медиумите во Хондурас, наводно еден ден порано напаѓачите се обиделе да ги киднапираат овие три манекенки но во тоа ги спречила полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1