Врата на рускиот товарен авион Ан-12 кој превезувал драгоцен метал случајно се отворила при полетувањето од аеродромот во Јакутск на далечниот исток на таа земја и по пистата се расфрлени околу 3 тони злато.
Во тек е истрага за овој инцидент.
Авионот Ан-12 на авиокомпанијата Нимбус полетал денеска од Јакутск за Краснојарск со 9,3 тони злато и други драгоцени метали, соопшти државниот истражен одбор.
Според прелиминарините информации пронајдени се 172 шипки со тежина од 3,4 тони, наведе Министерството за внатрешни работи на таа област и додаде дека дел од товарот испаднал затоа што вратата не била доволно прицврстена.
Авионот безбедно слетал на аеродромот Маган, 12 километри од Јакутск. Во авионот имало 5 членови на посадата и никој не е повреден.
Сликите објавени преку социјалните мрежи ги покажуваат златните шипки расфрлани по пистата.