Секторот за внатрешни работи Скопје Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешки кражби“.
Во периодот од 24.09.2017 до 13.04.2018 година на подрачјето на Скопје во бензиски пумпи, маркети и аптека пријавените извршиле три тешки кражби и две „тешки кражби во обид“. Тие со употреба на физичка сила и погоден алат ги отворале влезните врати и одзеле сеф во кој имало 256.346 денари и поголема количина на цигари.
На 15.04.2018 година околу 08.00 часот во кафе бар во Скопје од страна на полициски службеници од слобода бил лишен Д.Ј., по што бил предаден во Казнено поправната установа во Куманово на доиздржување казна затвор до 2019 година, со правосилна пресуда за сторени повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Тој бил во бегство од Казнено поправната установа Куманово од 2015 година.
Истиот ден во Скопје, на ул. „Благоја Стефковски“ при претрес во домот на второ и третопријавениот, од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени предмети кои потекнувале од извршените кривични дела, по што тие биле лишени од слобода.
Подоцна, Ш.Е. бил спроведен во Казнено поправната установа Идризово за доиздржување казна затвор од осум години и 11 месеци, со правосилна пресуда за сторени повеќе кривични дела од областа на имотните деликти, а од каде бил во бегство подолг период.