Осомничениот трикратен убиец од Кавадраци доби триесет дневен притвор. Обвинителството го побарало, а судија во претходна постапка го прифати предлогот. Мотивите се уште не се откриваат.
Инаку полицијата го уапси осомничениот вчера два дена по убиството. При апсењето, тој со себе носел и пиштол, за кој се верува дека е истиот со кој го извршил убиството.
Невладините ХЕРА и Националната мрежа против семејното насилство врз жените, побараа од надлежните од Министерството за труд и социјална работа спроведување детална истрага за тројното убиство, со преземање конкретна одговорност.
Министерството за труд и социјална политика, пак, уште еднаш ќе изврши увид во целата постапка и доколку е работено спротивно на законите и не се почитувани роковите ќе се бара одговорност од надлежните институции.
Ресорниот министер Диме Спасов посочи дека сопругата на осомничениот за тројното убиството иако го пријавила за семејно насилство не ја дала потребната согласност за времена мерка.