Тригодишно дете киднапирано од ИСИС зашто се викало Меси – барале да го смени името


Тригодишното дете кому родителите му дале име по светски познатиот фудбалер Меси, поминало 2 години во заточеништво со мајка му и сестра му од страна на Исламската држава. Од мајката барале да му го смени името на детето и тоа да се вика Хасан.rrr1

„Гревот“ на детето бил неговото име. Тоа, заедно со неговата мајка и сестра, во 2014 било киднапирнао од неговиот дом во северен Ирак.

По две години во заточеништво, детето е спасено и сега живее во бегалски камп.

Но тие две години биле пеколни – од семејството на детето ИСИС постојано барале откуп, иако тие воопшто немале пари.

Момчето кое денеска има 5 години, не останало без последици – одвај зборува, кога ќе го повикаат по името Меси ја врти главата со негодување, и наместо со топка, сака да игра со пиштоли – пишува Дејли меил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1