Тригодишно дете предозирано со метадон – На Детска клиника едвај го спасиле


Тригодишно дете од Тетово предозирано со метадон, во петокот во коматозна состојба завршило на Клиниката за детски болести, јави Здравство 24. Течноста била на неговиот чичко, а детето ја пронашло во семејната куќа каде живееле.

Без некој да го види испил поголема количина. Во тешка здравствена состојба со возило на Брза помош итно било транспортирано во Скопје. Лекарите на Детска два дена се бореле да го спасат неговиот живот.detska klinika nokj

-Во овој случај границата беше ептен тенка. Детето беше во кома. Прв пат се соочуваме со ваков случај, толку мало дете да прими метадон. Правевме детоксикација и се она што е потребно. Се консултиравме и со токсиколози дали може терапија што ја примаат повозрасни, бидејќи е мало дете и знаете во тие случаи може да има и контра ефект – вели за zdravstvo24.mk Аспазија Софијанова директор на Клиниката за детски болести.

По тешкиот викенд детето е стабилизирано и сместено на одделот за Пулмологија и токсикологија. Но неговата приказна нема да заврши само со подобрување на здравствената состојба. Софијанова е решена да оди до крај и случајот го пријавила во социјалните служби. Според информации на zdravstvo24.mk, детето потекнува од семејство каде повеќе членови се корисници на дрога.

Целиот текст може да го прочитате тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1