Трик за бричење кој ќе ви заштеди еден куп пари!


Доколку сакате да заштедите пари на прескапите жилети, еве еден генијален трик кој навистина работи.

zilet bricСе што ви е потребно е пар фармерки.  Поставете ги фармерките на цврста подлога, а потоа десетина пати повлечете со истапениот жилет по материјалот во еден правец, а потоа и во спротивен правец.

Секако, не “бричете” ги фармерките, туку жилетот повлекувајте го нагоре, односно во спротивен правец. Направете го ова секој пат пред или после бричење, за одржувањето на степенот на острина кај жилетите кои ги користите.

Потполно тапите жилети, можете да ги наострите со околу стотина потези.

Секако, наместо секој пат да земате фармерки, пронајдете некои стари и исечете парче од материјалот кој секогаш ќе ви биде при рака. Обидете се, трикот навистина работи.

Тhink.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1