Тринаесет мртви во сообраќајната несреќа на патот Скопје-Тетово


Триесет и пет патници се хоспитализирани во Општата болница 8 Септември сместени во Траума центарот. Тринаесет од пациентите се мртви дознава „Независен весник“ од здраствените власти.
Директорот на Општата болница 8 Септември, Христијан Костов за „Независен весник“ изјави дека во болницата двајца од патниците ги донеле мртви, а двајца со тешки повреди, починаа предмалку.

„Еден е во Интензивна му прават реанимација. Дали ќе преживее не знам , другите се со рани и скршеници во текот на ноќта ќе им се извршат интервенции ама се надвор од животна опаснот“, вели Костов.

Во Ургентниот центар пак се ходпитализирани четворица повредени велат за „Независен“ оттаму.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1