Тројца азиланти од Мароко силувале 19 год девојка во Загреб – ја запознале на Фејсбук


Тројца државјани на Мароко, кои поднеле барање за азил во хрватска, биле уапсени под сомневање дека силувале 19-годишна загрепчанка
Полицијата го истражува случајот, но хрватските медиуми објавија дела постои сомнеж дека настанот е фингиран за да се избегне враќањето на тројцата азиланти во нивната земја.

hotel porin zagreb

Настанот се случил, минатиот петок меѓу 24 часот и два утрото, во непосредна близина на хотелот Порин во новоизградената населба Дугава, каде се наоѓа центарот за имигранти, во кои се сместени 200 лица.
Мароканците се на возраст од 20 до 28 години, а девојката наводно ја запознале преку друштвените мрежи, а во петокот закажале состанок. По краткото запознавање девојката тргнала со нив кон Нов Загреб со јавниот превоз.
– Има азиланти кои се подготвени на сите можни работи за да не бидат вратени во матичната земја. Можно е да се договараат со жртвите дека сториле кривични дела. Ако е тоа причината, тогаш е навистина страшно, изјавила една жителка, со стан во близината на прифатниот центар за азиланти.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1