Тројца работници се повредени во несреќа што денеска се случила во РЕК – Битола, објави Мета.
Според извори од битолската полиција, тројцата работници вдишале јаглерод моноксид и во состојба на бессознание се пренесени во Клиничката болница во Битола.
Настанот го потврди портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, која повеќе детали за случајот најави за подоцна.
Стаматова засега само потврдува дека тројцата работници се надвор од животна опасност.