Тројца скопјани пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници на различни локации во Центар, поточно во ГТЦ, на кеј и во дворот на средното музичко училиште.i
Според информациите на МВР, вчера во 10:45 часот, Н.Р. (21) од Скопје пријавила во полиција дека во понеделникот околу 16:20 часот во Градскиот трговски центар била нападната од куче скитник кое ја каснало на десната рака.
Вчера во полиција и Љ.Р. (59) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот на кеј „13 Ноември“ бил нападнат од повеќе кучиња скитници, а едно од нив го каснало на десната нога.
Истиот ден и С.С. (36) од Скопје пријавила дека истиот ден во дворот на средното училиште „Илија Николовски Луј“ нејзината 15-годишна ќерка била нападната и касната од куче скитиник за левата рака.