Трошите многу: Еве како најлесно да заштедите пари


1. Плаќајте во готовина, а не на кредитна картичка, бидејќи така имате реален осет колку трошите. Најдобро би било целосно да се тргнете од картичките и да ги оставите негде на страна.
2. Прегледајте ги сметките за телефон, кабловска,интернет и потоа распрашајте се дали постојат оператори со подобри понуди.broenje denari pari mk
3. Без разлика колку ви е голем долгот на картичките, никако не отварајте други картичка за да се покриете.Така само ќе западнете во поголеми долгови и ќе плаќате двојно поголема камата. Распрашајте се која банка нуди најниски камати на кредити со најдолг рок на отплата.
4. Наместо со автомобил да одите на работа, размислете за јавен превоз, велосипед или заеднички превоз со колегите.
5. Редовно гасење на светлата, помалку загревање на просториите во зима и помала употреба на клима уредот во текот на летото не само што ќе ја зачувате животната средина, туку ќе остварите и значителна заштеда.
6. Ако можете плаќајте рати на вашиот кредит почесто од вообичаеното време и повеќе од предвидениот минимум. Така со ова ќе го намалите времето потребно за отплата на кредитот и во исто време ќе заштедите плаќајки помалку камата.
7. Ако имате вишок соби обидете се да ја изнајмите. Добро би било да ги продадете сите непотребни работи кои ги имате-од облека до апарати за домаќинство.Освен пари ќе добиете повеќе простор во станот.
8. Дoлгорочно планирајте ги идните трошоци и заштедете пари за точно одредена цел.Тоа е многу подобро отколку да земате нов кредит. Ако морате, подобро земете ненаменски кредит, отколку кредитна картица.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1