Трубарево, мајка со маша ја претепала и ја избркала од дома 13-годишната ќерка


Завчера во 15.30 часот жена од с.Трубарево пријавила дека девојче на возраст од 13 години од истото село било малтретирано и избркано од неговата мајка на улица.
Од страна на полициските службеници девојчето е однесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде било примено од лекар кој констатирал телесни повреди, кои детето појаснило дека ги добило од удар со маша по глава од
страна на неговата мајка.

По извршениот преглед, детето било донесено во Полициска станица Гази Баба, каде што биле повикани инспектор за малолетници и интервентен тим од Центар за социјални работи .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1