По објавувањето на 13 по ред „бомба“ на опозицијата за која Заев тврди дека премиерот Груевски лично признава дека лажел оти има наводна грешка во градењето на објектот „Космос“, инвеститорот на објектот, бизнисменот Фијат Цаноски за НОВА вели дека уште еднаш се потврдува дека рушењето на неговиот објект е само политичка игра.
-Јас тврдев и сè уште тврдам дека немаше никаква грешка во објектот. Тое е политичко рушење. Ме фрапира со какво смеење разговараат за мојата ситуација додека јас ги молев да не го рушат, имав и доста вработени и затоа ги молев, вели Цаноски за НОВА.
Цаноски вели дека снимките од претходната бомба каде што тој се споменува веќе се испратени во Стразбур, а планира и денешните да ги достави, по што очекува брза разрешница за тужбата. Цаноски очекува државата да го обештети за рушење на објектот без никаква потреба.