Кетрин Русел, вдовица на обвинетиот за нападот на бостонскиот маратон, Тамерлан Царнаев, била вистинска американска девојка на која сопругот „и го испрал мозокот“. Дејли Меил повикувајќи се на раскажувањета на другарките на Русел. За неа, блиските велат дека била трансформирана од сопругот. Таа како средношколка била девојка која не се откажувала од ништо, сонувала да студира и да се зачлени во Мировниот корпус.
Но, наместо тоа, го сретнала 26-годишниот Тамерлан, кој во Америка дошол за нормален живот по проблемите во Чеченија и набрзо станала негов роб. На 21 година Кетрин се омажила за него и ја родила ќерката Захара која сега има три години. Пред да се омажи го примила исламот и својата костенлива коса ја сокрила под марамата, а нејзините пријатели велат дека не можеле да ја препознаат.
Според полицијата Кетрин е клучната личност во целата трагедија која може да раскаже за идеите и активностите на нејзиниот сопруг.
Нејзините пријатели се прашуваат што ли и се случило, дали сите нејзини сонови завршија во замката која и ја направија браќата од Чеченија? Се омажи млада и роди дете, а американскиот сон го замени со муслимански, рекле нејзините пријателки, обвинувајќи го нејзиниот, сега покоен сопруг, дека ја преобразил согласно неговите религиозни гледишта.
Тамерлан го запознала додека била студентка на Универзитетот во Сусекс, а тој бил добар боксер со ветувачка кариера. Но, го напуштила факултетот пред да дипломира.