Притвор во времетраење од 30 дена му е одреден на 37-годишниот возач кој со својот автомобил ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павлоска пред три дена кај трговскиот центар Зебра.
Од Јавното обвинителство соопштуваат дека Судија на претходна постапка го прифатил предлогот од надлежниот обвинител за одредување на притворот бидејќи биле исполнети законските основи за нејзино изрекување.
Имено, ЈО во вчера соопшти дека според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината, возачот бил под дејство на алкохол и марихуана.
-Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис, соопшти вчера ЈО.