Стејси Ли на Фејсбук објавила фотографија на која држи голем картон на кој пишува дека ја бара својата мајка. Осум години ја барала , а не ни сонувала дека по нејзината објава на социјалната мрежа ќе се случи чудо.
Стејси не ја видела својата мајка Бренда Дрејк од 1993 година кога имала 2 години. Нивното семејство се распаднало, а Стејси отишла да живее со својот татко и двата брата. На 15 години решила да ја пронајде мајка си на интернет.
По осум години потрага сега 23 годишната девојка изгубила секаква надеж. Нејзиното момче ја поттикнало на голем картон да го напише името на својата мајка и се што знае за неа и тоа да го објави на Фејсбук. Фотографијата е споделена на Фејсбук преку 100.000 пати. За помалку од 20 часа Стејси примила повик од жена која и кажала дека е нејзина роднина и ја сполиа со Бренда. Потоа мајката и ќерката за првпат се сретнале.
– Кога отидов на профилот на мојата мјака не верував. Имаше ист лик како мојот. И испратив порака во која и напишав дека ми недостига и дека сакам да ја обновам врскат со неа – изјавила Стејси.