Цела ноќ потрага по жена која скокнала во Охридско езеро да се убие – Најдена жива


Езерската полиција успешно ја заврши потрагата по жената, која според очевидци  се обидела да се самоубие скокајќи во водите на езерото, јавува Охрид1.

Фото - Охрид1.ком

Фото – Охрид1.ком

Најновите информации говорат дека по потрагата која цела ноќ се одвивала во водите на езерото, жената била пронајдена жива утринава околу 10 часот кај хотелот Парк.

Истата веднаш била извадена од водите на езерото и предадена на екипи на Брза помош. Во моментов се вршат сите лекарски прегледи за да се утврди нејзината здравствена состојба, по што полициски екипи ќе извршат  разговор со неа за расчистување на целиот случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1