Ноќеска целосно изгоре детската градинка „8 Март“ во скопската населба Шуто Оризари. Од полицијата велат дека пожарот пламнал во 1.20 часот.

foto – shenja
Од пожарикарската единица велат дека пристигнале 25 минути подоцна. Големиот пожар го гаснеле дваесетина пожарникари. Причината за пожарот засега не е позната.
Градоначалникот Елвис Бајрам за ТВ Шења вели дека ова е голем проблем за општината. Тој вели дека не знае која е причината за големиот пожар, но се сомневаат во горивото за греење.









