Агенцијата за електронски комоникации (АЕК) создава услови за влез на нов мобилен мрежен оператор и виртуелен мобилен оператор на македонскиот пазар како одговор на зголемената просечна цена за минута разговор во мобилната телефонија за над 15 проценти и на мобилниот интернет за приближно 20 отсто, информира денеска директорот на АЕК Сашо Димитриjоски.
Промените на пазарот на мобилната телефонија, посочи, се случија со спојувањето на Македонски Телеком и Т-Мобиле и на вториот и третиот оператор Оне и ВИП, кои по преземањето и на кабелскиот оепратор Близу настапуваат како една компанија.
Димитријоски рече дека АЕК не ги прифаќа неповолните трендови и оти нема да дозволи граѓаните да плаќаат поскапо за истите услуги кои досега ги користеле поевтино. Минатата недела испратиле над 70 писма за заинтерeсираност до светски реномирани оператори за новите услови кои ги создава за влез на нов мобилен мрежен оператор и за условите за влез на виртуелен мобилен оператор на македонскиот пазар.
– Направена е темелна анализа на новосоздадениот пазар на мобилна телефонија. Утврдена е заедничка доминација на пазарот за пристап и започнување услуги во мобилни мрежи. Двата активни оператири на пазарот на мобилна телефонија беа определни како оператори со значителна пазарна моќ и им беа наметнати обврски за интерконекција и пристап и за контрила на цени, рече Димитријоски, на отворањето на првиот јавен состанок на АЕК за 2016 година.
Како што наведе Васка Петровиќ од Секторот за регулатива во АЕК, по спојувањето дошло до намалување на одредени пакети од мобилните оператори и намалување на обемот на сообраќај без да се промени цената. – Земајќи ги во предвид приходите од поединечните услуги и месечната претплата расчленета на овие видови услуги вклучени во претплатата констатиравме дека во сите квартали по спојувањето доаѓа до значително зголемување на цената за говор и за пренос на податоци за 15 проценти во првиот кваратл година во однос на вториот кваратл лани, рече Петровиќ.
Македонија, посочи, сега е единствената држава во Европа со само два мобилни мрежни оператори.
Од АЕК најавија дека до крајот на месецов ќе бидат одобрени референтните понуди на двата оператора со дефинирани услови и цени. Сметаат дека на тој начин секој виртуелен оператор ќе може многу лесно да потпише договор со постојните оператори за користење на нивната мрежа за нудење мобилни услуги за свои претплатници. АЕК, информира Димитријоски, ја привршува деталната анализа на реалните трошоци за интерконекција и завршување разговори во мобилни мрежи. Се надеваат дека тоа ќе резултира со намалување на постојните големопродажни цени за интерконекција кои понатаму ќе можат да бидат прифатени од операторите и на малопродажно ниво.
Агенцијата за електронски медиуми развила модел за пресметка на цените на услугата за пренос на дигитални телевизиски содржини до крајните услуги, која за домашните комерцијални телевизии ја обебзедува оне.ВИП. Со тој модел цената за 2 Mbit/s е намалена за 50 проценти за национално ниво и 58 проценти за регионално ниво во однос на почетната цена за услугата ДВБ-Т која ја плаќаа радиодифузерите врз основа на склучен договор со операторот.
Според Предлог планот за намена на радиофрекфенциските опсези на АЕК сите опсези за мобилна служба сега ќе бидат технолошки неутрални, односно операторите ќе можат да ги понудат сите свои услуги во сите опсези за кои имаат добиено оодбренија.
Од почетокот на годината АЕК решила 490 спорови помеѓу корисниците и операторите, од кои најголем дел, 81, биле за проблеми со мобилниот интернет, 74 за услиги за мобилен говор, 67 за кабелска телевизија, 39 за ДВБ-Т, 29 за роаминг говор…