Центар најзагаден, висока концентрација на ПМ10 и во Карпош, Лисиче и Гази Баба


Најзагадена утрово, со многу висока концентрација на ПМ 2,5 честички, е Општина Центар, покажаа мерењата за квалитет на воздухот што ги објави Министерство за животна средина и просторно планирање.

Загадени со висока концентрација на ПМ 2,5 се и Карпош, Битола и Куманово, додека за останатите општини податоци нема. Единствено во Тетово мерењето покажува многу ниско ниво на ПМ 2,5.

Концентрацијата, пак, на ПМ10 е висока во речиси сите скопски општини, Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба, како и во Тетово.

Мерењата покажуваат секојдневен пораст на загадувањето и надминување на среднодневната гранична вредност на ПМ10 која изнесува 50 микрограми на метар кубен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1