Поради дефект на цевка без парно греење останаа зградите и деловните објект во строгиот центар на градот. Парно нема на улиците “Даме Груев”, “Македонија”, “М.Х.Јасмин”, “50 Дивизија”, “Железничка”, “Ф.Шопен”, “Бихачка”, “Кочо Рацин”, “11 Октомври”.
На овои улици освен освен згради за домување има и голем број на деловни обејкти и училишта. Според информации на Вечер дел од училиштата веќе ја прекинале наставата поради ладните училници и учениците се испратени дома.
– Заради дефект на цевковод ДН200 без греење утрово се објекти во централното градско подрачје Се работи интензивно на отклонување на дефектот и брзо нормализирање на испораката на топлинска енергија, велат од Балкан Енерџи Груп-Дистрибуција.