ЦИА откри детали од операцијата за ликвидирање на Осама бин Ладен


За да ја одбележи 5-годишнината од операцијата против Осама бин Ладен, ЦИА објави податоци од нападот.
Централно разузнавачка агенција (ЦИА) на САД откри уште непознати детали од операцијата во 2011 годинаCIA BIN LADEN

Американските хеликоптери пристигнале во Авганистан два часа по официјалниот почеток на операцијата. Бин Ладен е пронајден и убиен по 2 часа и 14 минути. За неговата смрт, претседателот на САД соопштил 14 минути по неговото убиство.
Терористот број еден во светот, основачот и поранешен лидер на “Ал Каеда” е убиен во ноќта на 2 мај 2011 година. Американските специјални сили дејствувале во тајност.

Откако Осама бин Ладен е пронајден и ликвидиран, тимот, добил потврда за неговиот идентитет и првиот хеликоптерот со американските војници го напуштил објектот. Тој се урнал, но дел од екипажот преживеал. Друг хеликоптер ги зел останатите од тимот и материјалите собрани од компјутерот на Ладен, и се вратиле во Авганистан.

ЦИА објави слика од пред 5 години на тогашниот државен секретар Хилари Клинтон, Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден, кои заедно со членовите на националниот тим за безбедност, го гледаат нападот против Бин Ладен во живо во оперативната сала на Белата куќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1