Циклон над Македонија: Попладне големо невреме


Денешниот ден ќе помине со облаци и врнежи од дожд. Попладне се очекува големо наоблачување кое со прогресија од запад кон исток носи врнежи. Новата циклонска активност ќе биде поизразена во текот на вечерта, кога локално во јужните и источните краишта се очекува појава на пороен дожд. Во овие региони се очекува локално да наврнaт и над 25 литри воден талог на метар квадратен.nevreme dozd 11

Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.

Во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и околу 50 л/м2. Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината. Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има во вторник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1