Со набиена агенда и високи очекувања грчкиот премиер доага Скопје. Во интервју за Миа Ципрас вели дека се работи за историска посета со која ке се зацврснат односите мегу двете земји. Преспанскиот догвор не го реши само спосорот со името и ги отври вратите за евро-атланстаката песрпектива на соседот туку воспостави темели за нови стратечки врски мегу двете земји, порачува грчкиот премиер. Но сето тоа имаше своја цена, признава Ципрас
-Сепак, имаше политичка цена, бидејќи еден значаен дел од грчкиот народ беше и е сериозно загрижен за ова прашање. Наша одговорност – моја и на Зоран – е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да не вратат во мрачните времиња.
Ципрас утре пристига во Скопје со деелгација од десет министри и седумдесетина бизнисмени. За првпат, во рамкуите напосетата, ке се одржи Советот за саоработка , како и првиот бизнис форум. Двете страни ке го договораат акцискиот план за натамошната соработка во одбрана , евросекторот , енергетиката, развојот на инфраструктурата, службите за цивилна авијација, како отворањето на новиот граничен премин. Во мегувреме, лидерот на грчката опозиција по повод посетата на грчкиот премиер на Скопје порача дека ке покаже солидарност со граѓаните на северна Грција кои се чувствуваат „изневерени” со потпишувањето на преспанскиот договор .
Мицотакис се закани дека доколку Нова демократија дојде на власт ќе ги спречи негативните последици што ги носи договорот од Преспа и најави план за заштита на грчките македонски производи.