Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва пред граѓаните во Атина изјави дека Грција испишува нова страна во историјата на земјата. Резултатите од денешното гласање покажаа дека Грците не се подготвени за нови мерки за штедење, наметнати од страна на меѓународните кредитори. Сепак, Ципрас кажа дека тие ќе продолжат со преговорите.
– Докажавме дека демократијата не може да се уценува. Грчкиот народ направи храбар избор, изјави Ципрас.
Што се однесува до опозициската Нова демократија, тие сметаат дека ова е целосен пропаст за земјата, а токму поради тоа нивниот лидер Андонис Самарас си поднесе оставка.
Во цела Грција се слави, а многумина сметаат дека токму референдумот конечко го сплоти грчкиот народ.