Црн петок: Кавги и тепачки за последниот телевизор


Во САД вчера имаше масовни намалувања на цените на производите, што во некои трговски центри доведоа до немили сцени.1blackf

Црниот петок е своевиден празник на потрошувачката, кој следува по американскиот Ден на благодарноста, а кој се карактеризира со исклучително ниски цени на производите, на кои граѓаните тешко им одолеваат. Со Црниот петок се отвора сезоната на божикниот шопинг, а голем дел критичари го нарекуваат црното наличје на конзумеризмот или потрошувачката култура.

Поради големата заинтересираност за производите кои многумина не можат да си ги дозволат по „нормални“ цени, неретко доаѓа до кавги, стампеда, тепачки и општ хаос. Најголемите кавги обично се поради електронските уреди, како што се телевизорите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1