Потребни состојки за тесто:
- 250 ml топла вода
- 50 g свеж квасец
- 250 ml масло
- 600 g брашно
- 3 лажички какао
- 3 лажички брашно
- Џем
За сируп:
- 350 g шеќер
- 350 ml вода
- Ванила
Подготовка:
1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото.
2. Поделете го на 2 дела.
3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно.
4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12).
5. Оставете ги околу половина час да нараснат.
6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие.
7. Загрејте ја рерната на 220 степени.
8. Премачкајте два голема плеха.
10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm.
11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички.
12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути.
13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот.
14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни.
Popara.mk