Црното вино ја поттикнува желбата за секс кај жените


Виното и женската сексуалност се тесно поврзани. Ефективноста на црното вино како афродизијак експериментално го докажаа италијанските научници, истакнувајќи дека тоа ја зголемува сексуалната желба повеќе од било кој друг алкохолен пијалак.

Vino Rosso

 

Научниците од Универзитетот во Торино и Фиренца ја анализирале врската помеѓу консумирањето на црно вино и сексуалната функција кај здравите жени. 798 жени на возраст од 18 до 45 години биле поделени во 3 групи. Во првата биле оние кои го консумираат виното секојдневно по една или две чаши, што се смета за умерено. Во другата група биле жени кои повремено пиеле една чаша црно вино и во третата група жени кои никогаш не пиеле алкохол, ниту вино.

Жените ја оценувале својата сексуална активност во шест категории: сексуална желба, ниво на возбудување, количина на лубрикација, доживување оргазам, задоволство и болка. Оние кои секојдневно пиеле чаша-две вино биле многу повеќе заинтерсирани за секс. Поголема била нивната желба за секс, лубрикација и вкупната сексуална функција во однос на жените од другите две групи.

Италијанските научници се оградиле од тоа да сметаат дека виното секогаш треба да се користи како афродизијак. Тие истакнуваат дека не им е познат механизмот за делување на црното вино врз женското либидо. Една од претпоставките е зголемениот полифенол кој повеќе го има во црното вино отколку во другите вина и алкохолни пијалоци.

Исто така, извесно е дали флавоноидите кои најмногу ги има во црното вино, го подобруваат крвотокот и така позитивно влијаат на сексуалните односи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1