Лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски, на синоќешниот Централен одбор на „Бихаќка“ ја обвини партијата дека не го поддржува, по што си поднесе неотповиклива оставка.
„Не ги подржувавте моите одлуки и затоа се повлекувам, бидејќи знам да препознаам кога одлуките се носат со срце, а кога само со кревање на два прста. Бидејќи не можете да ги поддржите моите одлуки, си поднесувам неотповиклива оставка, им порача Црвенковски на членовите на Централниот одбор“, пренесува Капитал.
“Својот став дека нема да се кандидира за нов мандат можеше да го соопшти на почетокот на седницата, а не на крајот, бидејќи целата дискусија ќе се насочеше поинаку. Со сета почит кон неговиот придонес во партијата, за жал, на крајот останаа само неговите оценки дека недисциплина го следела во неговите потези или дека партијата се однесувала клиентелистички, што остави лош впечаток дека сите се виновни, но не и тој. Тоа навистина не беше ни коректно, ни потребно, коментираат во партијата“, пренесува Дојче Веле.
Неофицијално, како што пишува „Курир“, деновиве на Бихаќка како можни наследници на Црвенковски се споменуваат потпретседателот на партијата Зоран Јовановски, координаторот на пратеничката група Игор Ивановски, како и двоецот Зоран Заев – Радмила Шеќеринска, како претседател и заменик избран на Конгрес.