Цукерберг доби ќерка – поклонува 99% од акциите во Фејсбук во добротворни цели


Основачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чен добија ќерка Макс и ја искористија таа можност за на светот да му пратат порака – поклонуваме 99 отсто од Фејсбук во добротворни цели.mark cukenberg kjerka

Марк Закерберг, основачот на најпопуларната социјална мрежа Facebook и неговата сопруга Присила Чен ја претставија пред светот својата новородена ќерка. Популарниот пар објави фотографија на која позира со малото девојче кое го добило името Макс.

„Драга Макс, со мајка ти немаме зборови да ја опишеме надежта која ни ја даде за иднината. Твојот нов живот е полн со ветување и се надеваме дека ќе бидеш среќна и здрава за да можеш да го истражиш целосно. Како сите родители, сакаме да израснеш во свет кој е подобар од нашиот денес“ – се вели во писмото на Марк и Присила до ќерка им.

Во долгата порака, Марк објавува дека со Присила додека се живи ќе донираат 99% од своите акции во Facebook или 45 милијарди долари за постигнување на еднаквост кај децата од наредната генерација, образование, лекување на болести и градење на силни заедници.

Тие 99 отсто од Фејсбук, односно окулу 45 милијарди долари, ќе ги донираат во сопствената добротворна фондација, додека 450 милиони долари ќе ги задржат за себе и своето семејство.

Целото писмо прочитајте го на следниот ЛИНК 

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1