Цуцлата штетна за развојот на устата на детето


Цуцлата претставува една тешка навика, за која родителите вложуваат голем труд да ја искоренат, но таа има и добри и лоши страни.

Постои дебата за употреба на цуцлата, затоа што според студија објавена во научниот магазин Acadamy of General Dentistry, постојат докази кои укажуваат на добрите и лошите страни од употреба на цуцла.Според авторката Џејн Соксман, покрај општото верување, постојат и добри страни на цуцањето цуцла.

cucla bebeТаа наведува и дека цуцлата влијае на зачестеност на синдромот на нагла инфантилна смрт (sudden infant death syndrome – SIDS).Имено, бебињата кои се успиваат со цуцла, не спијат доволно длабоко, како бебињата без неа.Но, цуцлата овозможува и бебињата да се разбудат од многу длабок сон, што може да доведе до запирање на дишењето.Покрај ова, цуцлите делуваат смирувачи и пружаат чувство на комфор и на тој начин овозможуваат подобар и побрз сон.

Меѓутоа, родителите треба да знаат и дека цуцлата предизвикува негативни ефекти за оралното здравје. Бебињата треба да престанат да користат цуцла до втората година, затоа што секој проблем со забите и правилниот развој на устата што може да се јават заради неа, до овој период можат да бидат поправени во рок од шест месеци.Продолженото цуцање цуцла или палец може да предизвика проблеми со правилниот развој на устата, положбата на забите и промени во обликот на непцето.

Истражувањата покажаа дека постои поврзаност меѓу употребата на цуцла и воспаление на средното уво. Имено, со употреба на цуцла се зголемуваат ушните канали, што доведува до сливање на секретот од устата и носот во увото, а тоа носи бактерии таму и доаѓа до инфекции.Одвикнувањето од цуцла не е едноставен процес, но постојат начини, како мачкање на цуцлата со нешто невкусно, како солило или сенф, исто така, може да се издупчи со остар инструмент, што го намалува задоволството од цуцањето или едноставно да ја `заборавите` кога одите на некое патување.

Совети: Цуцла треба да се користи само при успивање, може да доведат до повреди ако штитникот се држи во уста, користете цуцли со издупчен оквир, кој овозможува проток на воздух, што е особено важно ако таа се проголта и го затвори грлото. За да се спречи задавување не ја врзувајте цуцлата со врвче на вратот на детето

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1